Vlax:
Како да нема утре наполни го својот куфер
патувај кон своето ѓубре, раскини со твојот рутер,
низ овој свет - сива гробница бетонска
душата бомба е атомска, во омраза платонска.
А љубовта? таа војник ранет е кој ползи,
па види зошто библиотеките ни се полни солзи.
Види зошто, но немаш со што,
немаш пошто, никогаш не си ни имаал воопшто.
Повели во супер-маркетот на порази,
намаление во одделот за омрази.
Потроши си ја платата на експлозив,
во време кога бог е мртов, покажи им кој е жив.
За секој квази колумнист што силувал СЛОБОДА
за секој Квазимодо кој ќе следи квази мода,
Сето ова евангелие по Цукемберг
ги мели сите мозоци во токсичниот хамбургер.
Мизантропите глумат Мајка Тереза
ставаат мајки на берза, ставаат душа на тезга,
гадна фритеза кајшто горат сите леботворци
скап е овде куршумот, па гинеме од ќорци.
Сега домот има своја ладна страна
еден оброк во аптека, еден оброк во кафана.
А умот го лечат болни доктори на спинот,
дневната е конц логор, а низ TV пуштен плинот.
Ко да нема утре, диши полна дијафрагма,
зошта внатре место крв веќе циркулира магма.
Ко да нема утре, денес уште некој пали,
далеку од тие мајмуни со пиштоли и пари!
Ref:
Kaко да нема утре, биди ни водич во магла
нека има хаос, неред и искршени стакла,
стампедо жртви, крв и звукот на сирените,
ако нема утре, тогаш денес да се смени сѐ! х2
Martix:
Како да нема утре, слободно напиши го стихот,
биди психо, којшто следи сон ко Дон Кихот.
Облечи оклоп железен ти робу телесен,
себе се катапултирај во просторот небесен.
Јавај низ јаве крваво со свое лудило,
сѐ се изгубило, живо било, но убило.
Каде што џганот ситен е над сите
од херои светот сит е, ти биди новиот витез.
Мрази наредби, уништи го процесорот,
не клечи на агресорот, бокс удри на професорот!
Запали го секој учебник, биди активен ученик,
носи ранец експлозиви со тајмери вклучени.
Звучи дрско, вака не те храни талент,
но меѓу подли демократи, мораш да си радикален.
Врати што ти дале, парите од сефот,
згужвај ги и искини, пред фацата на шефот!
Во време каде се богати лесно владин ретард,
ако мочаш против него, ќе мочаш во катетер.
Во метар на метар живот на бомбардиран Дрезден
да преживееш треба да не си трезен везден.
Ко да нема за мене не за човештвото
запали го телото, зачувај го творештвото.
Побарај ме денес, да ги отвориш аортите
да заминам среќен, макар не отворат портите.
Ко да нема за човештвото, а не за мене,
биди духовен водич, земи го својот фенер,
својот скромен дом, замени го со буре,
и денес барај човек, како да нема утре!
Ref:
Kaко да нема утре, биди ни водич во магла
нека има хаос, неред и искршени стакла,
стампедо жртви, крв и звукот на сирените,
ако нема утре, тогаш денес да се смени сѐ! х2
credits
from Stihilizam (EP),
released May 28, 2020
Produced By Fundament
Filip Prokopenko aka Fundament is a rapper, beatmaker and hip hop producer from Kocani, Macedonia that specializes in
creating the real boom bap hip hop sound.
Currently residing in Canada, Fundament has collaborated with known artists worldwide.