Vlax:
Невестата во црно, облечена е ко вдовица
до неа стои сопруг жив, но пред време е починат.
Во рака стега бидермаер полн со коприва
која прва го допира со бело да ја покријат.
Сватови пијани од мака, не од среќа
место на икона во песок палат свеќа.
Се вика гласно, на сред се крши баница
катран место афион од клетата ораница.
А орото е хорор, кога порок води коло
кога молови се џелат кој те набива на колот.
Се тресе земјата, бесно рикат зурлите
во очи не се гледаат и крвави се гурлите.
Тоа утро изгреа сонце од север
ко пијан зомби-девер, исфлекан со крв на ревер.
Стои сам на чардак, со отров полни бардак
душа празна како сандак, на рамо става кундак.
Скапан тапан, пред сите бледа нафака,
тропа бурно крвнички дур кумот пак не заплака.
Додека чекаат за невиност на навлака
во градите ко троскот, црна севда пак им навлага.
Полни се бочвите, од солзи празни очите
ги делат и даровите со куршуми во бовчите.
Толчник е смртта, а во Аванот сме семето
КАКВО Е ПОДНЕБЈЕТО, ТАКВО Е ПОДЗЕМЈЕТО!
Martix:
Тело во темница влага, пченица блага,
секоја реченица лага, лажна во зеница тага.
Лицата им кријат насмевка која ќе прсне
кога го вадат и крадат туѓиот прстен.
Крената здравица, штета да се истури на земја,
гори роденденска свеќа наместо темјан,
се смеат гласно од тортата ќе се задушите,
пеат страсно теглејќи го покојникот за ушите!
Нема тажен на погребот на чуварот,
весел погреб таков беше лани и на куварот,
се крстат оние кои гледаат од страна
наместо опело, бесен пцуе потстанар!
На крајот само еден остана, но за да
убие досада и му ја растури косата.
Му нацрта мустаќ и солзи, пресмешно,
на ремек делото се потпиша невешто,
но колку платата е помала - погребот повесел
суров систем затоа и заврши обесен,
така се расте и умира, каде владее чинот,
доблеста е џуџе наспроти парата џинот.
„Си го гледам телото, блиските и синот,
никој да пушти солза, никој да истури вино...“
credits
from Stihilizam (EP),
released May 28, 2020
Produced By Fundament
Filip Prokopenko aka Fundament is a rapper, beatmaker and hip hop producer from Kocani, Macedonia that specializes in
creating the real boom bap hip hop sound.
Currently residing in Canada, Fundament has collaborated with known artists worldwide.