We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Stihilizam (EP)

by Stih Naumov & Fundament

/
  • Streaming + Download

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality download in MP3, FLAC and more.
    Purchasable with gift card

      $4.99 CAD  or more

     

  • Full Digital Discography

    Get all 4 Fundament releases available on Bandcamp and save 35%.

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality downloads of Zloboda, Lov Na Covek, Stihilizam (EP), and Uspavanka Za Smrt. , and , .

    Purchasable with gift card

      $20.78 CAD or more (35% OFF)

     

1.
Jas (Ne) Sum 04:02
Vlax: Јас не сум келнер на смртта кој ви става лед во отровот Ни син на боржуј со молотов Ајфон 6 на отпорот Јас не сум ѓонот којшто трча кардио низ минско поле Јас не сум спокој ко поемите од Коста Солев Jaс не сум ракија во крвоток на депресивец Нити сум виновник што бара некој друг за кривец Јас не сум буква од цитатите на Орвел Нити орел што се борел летајќи до својот отстрел Јас не сум мегафон на полтронските усни Ниту погрдни зборови шминкани да бидат вкусни Јас не сум мртва кафекуварка во штабот Ниту робот кој до гробот свој ќе чекори по работ не сум скапо сако на демократската идила Нити репитиран тираж којшто брани позадина На сила, за инат, со мртва содржина Пред коњи кои креваат прашина ја сум ко нагазна мина На бината каде свињи прават циркуз Јас не сум громогласен аплауз од тектата со цуклус Јас не сум 10ка у индекс со протекции Ни лектор што оценува нов учебник без лекции Јас не сум пиун којшто штити кралеви од мат Јас сум ловец во топовска кула со крвав автомат Јас не сум хипи транспаренти низ блокадите Ја плукам кралицата пред да започнат рокадите Јас не сум последната голтка пред да повратиш Нити сум кафе, а ни чорба Да те отрезни Јас не сум она што си ти и таков среќен сум Зошто сум присутен ко отсуството на твојот ум! Ref: ДАЛИ СИ ТИ ТОА ШТО НЕ СИ ВО ВРЕМЕ КОГА СИТЕ СЕ ИЛИ ПАК НЕ СЕ САМО МИСЛАТ ДЕКА ЖИВИ СЕ А ЖИВИТЕ СО СМРТНИ ЖИГОВИ НА ЧЕЛАТА ИДЕЈАТА ЌЕ ОСТАНЕ, НО САМО ПРЕКУ ДЕЛАТА Martix: Јас сум немирот, кој со сивило и мрак во пакт е, смртта ми е девојка, копнеам за бакнеж, кога таа ме бакнува, очите мижат јас сум меланхолија ко звуците на Joy Division. Jaс сум во аристократската супа – влакно детски цртеж врз замаглено стакло, кое црта мајка и татко, за некој семејство, поим апстрактен, па стојат на стаклени нозе, децата од брак стаклен. Јас сум алчноста од која се распаѓа бендот, јас сум гнасен ко тепачките во парламентот. Страсен ко Вертер, за тоа што го љубам макар во мермерен кревет се будам. Јас сум насмевка на кловнот, која е само маска јас сум она гнилото во земјата Данска! Јас сум апсурд ко војна, грда жртва на режимот свежиот детски труп, што лежи неживо. Јас сум град кој труи на бајато свинско, мртов од внатре, црн од труење никотинско. Одраз во огледало на очаен циник, кој очајно бара љубов ко скитникот парче симит. Грешка повторена стопати, погрешен сопатник, каде што време е гробар, стрелки се лопати. Јас сум не дочекана старост, неискористен бастун зошто панкот не е мртов, јас сум! Ref: ДАЛИ СИ ТИ ТОА ШТО НЕ СИ ВО ВРЕМЕ КОГА СИТЕ СЕ ИЛИ ПАК НЕ СЕ САМО МИСЛАТ ДЕКА ЖИВИ СЕ А ЖИВИТЕ СО СМРТНИ ЖИГОВИ НА ЧЕЛАТА ИДЕЈАТА ЌЕ ОСТАНЕ, НО САМО ПРЕКУ ДЕЛАТА
2.
Vlax: Како да нема утре наполни го својот куфер патувај кон своето ѓубре, раскини со твојот рутер, низ овој свет - сива гробница бетонска душата бомба е атомска, во омраза платонска. А љубовта? таа војник ранет е кој ползи, па види зошто библиотеките ни се полни солзи. Види зошто, но немаш со што, немаш пошто, никогаш не си ни имаал воопшто. Повели во супер-маркетот на порази, намаление во одделот за омрази. Потроши си ја платата на експлозив, во време кога бог е мртов, покажи им кој е жив. За секој квази колумнист што силувал СЛОБОДА за секој Квазимодо кој ќе следи квази мода, Сето ова евангелие по Цукемберг ги мели сите мозоци во токсичниот хамбургер. Мизантропите глумат Мајка Тереза ставаат мајки на берза, ставаат душа на тезга, гадна фритеза кајшто горат сите леботворци скап е овде куршумот, па гинеме од ќорци. Сега домот има своја ладна страна еден оброк во аптека, еден оброк во кафана. А умот го лечат болни доктори на спинот, дневната е конц логор, а низ TV пуштен плинот. Ко да нема утре, диши полна дијафрагма, зошта внатре место крв веќе циркулира магма. Ко да нема утре, денес уште некој пали, далеку од тие мајмуни со пиштоли и пари! Ref: Kaко да нема утре, биди ни водич во магла нека има хаос, неред и искршени стакла, стампедо жртви, крв и звукот на сирените, ако нема утре, тогаш денес да се смени сѐ! х2 Martix: Како да нема утре, слободно напиши го стихот, биди психо, којшто следи сон ко Дон Кихот. Облечи оклоп железен ти робу телесен, себе се катапултирај во просторот небесен. Јавај низ јаве крваво со свое лудило, сѐ се изгубило, живо било, но убило. Каде што џганот ситен е над сите од херои светот сит е, ти биди новиот витез. Мрази наредби, уништи го процесорот, не клечи на агресорот, бокс удри на професорот! Запали го секој учебник, биди активен ученик, носи ранец експлозиви со тајмери вклучени. Звучи дрско, вака не те храни талент, но меѓу подли демократи, мораш да си радикален. Врати што ти дале, парите од сефот, згужвај ги и искини, пред фацата на шефот! Во време каде се богати лесно владин ретард, ако мочаш против него, ќе мочаш во катетер. Во метар на метар живот на бомбардиран Дрезден да преживееш треба да не си трезен везден. Ко да нема за мене не за човештвото запали го телото, зачувај го творештвото. Побарај ме денес, да ги отвориш аортите да заминам среќен, макар не отворат портите. Ко да нема за човештвото, а не за мене, биди духовен водич, земи го својот фенер, својот скромен дом, замени го со буре, и денес барај човек, како да нема утре! Ref: Kaко да нема утре, биди ни водич во магла нека има хаос, неред и искршени стакла, стампедо жртви, крв и звукот на сирените, ако нема утре, тогаш денес да се смени сѐ! х2
3.
Pod Taa Kapa 02:57
Martix: Под капата на скитникот секој ден под индиго од студот телото се тресе ко да игра lindy hop. Велат:„види го!“ Други тргаат поглед, а проклет од е кога газат босите стапала по лед. За чај би убил, во очај бара пролет да се разбуди градот, раздвижи градскиот промет. Сликите болат, милион бедници молат, но тоа го нема во рекламите на Coca-Cola. Vlax: Биди целиндерот во циркуска гротеска и осети бол во глава дур јажето треска низ публика матна која силно ракоплеска бис на ѓериз трујат тие каранфили фрлени. Биди баретка,со петокрака плетка револуционерна плата на трансакциската сметка. Сликај HD, ти си нивна мажуретка слободата е шолја - отпорот до неа четка! Martix: Под капата на дамата која е во мракот сама, има милион имиња да ги кажам се срамам. Во книга на судбината го мрази својот chapter клиентот сака да го замени со доживотен партнер. Да се спакува посакува, да замине за кратко, да е сакана, но држи закана од макро. Копнее дека е пробен живот злобен, бара подобро место каде не е денот кобен. Vlax: Биди шубара од руските писатели па пиј со непријатели за верните читатели. Чувства партали, а душата во нафталин ко капут стар ја батали, во ковчег полн со мртви сни. Биди капуљача на адолсцент, биди голготата на хардкор средношколски бенд, не се во тренд денес умови без диригент само идни-бивши луѓе: срца полни со цемент! Martix: Прво помини низ голготата на студентот, буден до доцни часови, а во домот е студено. Но сам бираш, велиш жртвата ќе се исплати, година низ дати, капаци виснати. Длабоко потиснати мирот и време слободно сега си робот нов, диплома ќе е подобро... Бродолом! Пола деценија албум со бендот, грижи и надежи под капата на апсолвентот. Vlax: Биди капа со РМ иницијали биди пендрекот што мава по клинец што коноп пали. Биди копија од тие мали свињи плави во биртија се слави за сите пукнати глави. Биди ти, но види си, низ туѓа призма биди свој, но чекор број во туѓа чизма, бол, катаклизма, успех и харизма сокри ги под капа ткаена од чиста мисла.
4.
Vlax: Невестата во црно, облечена е ко вдовица до неа стои сопруг жив, но пред време е починат. Во рака стега бидермаер полн со коприва која прва го допира со бело да ја покријат. Сватови пијани од мака, не од среќа место на икона во песок палат свеќа. Се вика гласно, на сред се крши баница катран место афион од клетата ораница. А орото е хорор, кога порок води коло кога молови се џелат кој те набива на колот. Се тресе земјата, бесно рикат зурлите во очи не се гледаат и крвави се гурлите. Тоа утро изгреа сонце од север ко пијан зомби-девер, исфлекан со крв на ревер. Стои сам на чардак, со отров полни бардак душа празна како сандак, на рамо става кундак. Скапан тапан, пред сите бледа нафака, тропа бурно крвнички дур кумот пак не заплака. Додека чекаат за невиност на навлака во градите ко троскот, црна севда пак им навлага. Полни се бочвите, од солзи празни очите ги делат и даровите со куршуми во бовчите. Толчник е смртта, а во Аванот сме семето КАКВО Е ПОДНЕБЈЕТО, ТАКВО Е ПОДЗЕМЈЕТО! Martix: Тело во темница влага, пченица блага, секоја реченица лага, лажна во зеница тага. Лицата им кријат насмевка која ќе прсне кога го вадат и крадат туѓиот прстен. Крената здравица, штета да се истури на земја, гори роденденска свеќа наместо темјан, се смеат гласно од тортата ќе се задушите, пеат страсно теглејќи го покојникот за ушите! Нема тажен на погребот на чуварот, весел погреб таков беше лани и на куварот, се крстат оние кои гледаат од страна наместо опело, бесен пцуе потстанар! На крајот само еден остана, но за да убие досада и му ја растури косата. Му нацрта мустаќ и солзи, пресмешно, на ремек делото се потпиша невешто, но колку платата е помала - погребот повесел суров систем затоа и заврши обесен, така се расте и умира, каде владее чинот, доблеста е џуџе наспроти парата џинот. „Си го гледам телото, блиските и синот, никој да пушти солза, никој да истури вино...“
5.
Vlax: Ова е бал на Балканот, оро сакато. и калта и катранот, па слушни како грака гавранот Ѓаволот будно црта карикатури Во нова карика која тури, бензин во оганот, дури... Сите спијат во шатеното јаве, смртта има апел јавен до секој сит и секој гладен, секој чист и гаден, секој горд и напатен Стои пред шалтер наплатен, потрпрен на штаките. Па пиштат молитви, молците молат клекнати со стегнат здив, на чело жиг, плачат пред црни икони. Иронии кои ронат мостови мали, премногу мостови мали Премногу темни канали, о дали кажи? Ова е тоа што го викаат свет, или е само стара-нова војна, пак со својот бајонет? Дај ми билет и да се губам од тука, од минското поле, кое почнува да пука! Ref: Биди сакат за да си саглам, биди сакат, биди копиле омилено на тие што те плаќаат! За да бидеш сега сѐ што не ти годи ајде оди...во лајната плови, само плови! Martix: Сѐ започнува кога не перница око ќе склопам, сонувам ковчег кој започнува да тропа, од него со пушки в раце излегуваат лути, во крвавите униформи, младите регрути. Маршираат болно, по црвен пат кога куцајќи ме бркаат со дрвената нога. Тие што имаат раце, со прст кон мене нишанат со сопствена крв, по ѕидови напишаа: „Не го бакнувај грбот, химната не ја пејте, јарболи без знамиња, крвави платна вејте, ниту еден од нас не умре за татковината, профитираат дур се гази за злато мината!“ Подобро на метео прогноза: метеор, од наредба под шлемот: убиј го детето! Дур вадат невино срце за да го џвакаат, од саглам до сакат, пружат рака и мене ме сакаат! Се будам од кошмар, во потта облиен, менувам мирен сон за секој орден добиен. Пушки тешки за носење, потешко да се остават, смртта пица мајстор, војната бесплатна достава... Ref: Биди сакат за да си саглам, биди сакат, биди копиле омилено на тие што те плаќаат! За да бидеш сега сѐ што не ти годи ајде оди...во лајната плови, само плови!

about

Vlax and Martix are Stih Naumov.

credits

released May 28, 2020

Produced by Fundament
Mix/Master by Trilian
Cover by Darica Zarevski
2020

license

all rights reserved

tags

about

Fundament Winnipeg, Manitoba

Filip Prokopenko aka Fundament is a rapper, beatmaker and hip hop producer from Kocani, Macedonia that specializes in creating the real boom bap hip hop sound.

Currently residing in Canada, Fundament has collaborated with known artists worldwide.

Keep Hip Hop Alive!
... more

contact / help

Contact Fundament

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like Stihilizam (EP), you may also like: